Општина Центар утринава спроведе интензивно миење на улиците во сите населби на територијата на локалната самоуправа. Цистерните и метларките на ЈП „ПОЦ” ја миеја прашината на улиците и тротоарите, го освежуваа и расчистуваа просторот околу контејнерите.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, посочи дека редовното миење на улиците придонесува за намалување на загадувањето со ПМ-честички и обезбедува одржување на хигиената во градот.
„Со овие активности не само што го одржуваме централното градско подрачје, туку и го заштитуваме здравјето на граѓаните. Продолжуваме со редовно миење во сите населби, како што тоа го правевме и досега ” рече Герасимовски.