Герасимовски се фати за метла: „Акциите за чистење на училиштата се едукација“

од Vladimir Zorba
319 прегледи

Одлична дружба, многу смеа и задоволство за децата и родителите! Акциите за чистење на училиштата се едукација, стекнување добри навики и многу забава за основците од Центар, сподели градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски.

Тој се заблагодари на сите кои се вклучија во втората голема акција за чистење на училиштата.

„Исфрливме суви лисја, стакло, пластика и хартија, засадивме 300 темјанушки и бојадисувавме клупи онаму каде беше потребно. Нашата акција има цел, а таа е да создадеме нова слика за Центар, чист, зелен, убав. Драго ми е што се повеќе поддршка имаме за овие акции и ќе продолжиме да ги организираме“, пишува Герасимовски.

Слични содржини