Герасимовски: Со акцијата „Нула Глад“ покажуваме дека секој еден жител ни е важен

од Vladimir Zorba
207 прегледи

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска изјави дека потребата од помош и поддршка особено на оние кои доаѓаат од социјално загрозени семејства, е голема, особено по двегодишната пандемија и неодамнешното покачување на цените.

„Со акцијата „Нула Глад”, која ја спроведуваме во континуитет, сакаме уште еднаш да покажеме дека секој еден жител ни е важен, воедно помагајќи им на граѓаните за полесно да го поминат месецот, без страв за нивната егзистенција“, истакна Герасимовски.

Тој се заблагодари на сите вклучени во оваа благородна акција, на маркетите кои секој месец донираат храна и производи, на Банката за храна и претседателот Душко Христов, и на целата екипа вклучена во проектот, без кои оваа акција немаше да биде остварлива.

Исто така изрази благодарност и до Министерството за труд и социјална политика, за одличната соработка, во таргетирањето на социјално загрозените лица и семејства, со цел помошта да стигне таму каде навистина е потребна.

Иницијативата на граѓанска организација „Банка за храна” во соработка со Општина Центар се реализира неколку години наназад и во денешно време обезбедува околу 150 пакети месечно за приматели на ГМП, две згрижувачки семејства, два мали групни домови за деца со попреченост и околу 150 пензионери.

Слични содржини