Герасимовски: Во тек се обуки за наставниот кадар за развивање на вредносниот систем и моралните норми кај младите генерации

од Vladimir Zorba
16 прегледи

Од денеска, па сѐ до среда, во просториите на Младинскиот центар „Матично” се одржува серија обуки на тема „Улогата на наставниците и стручните соработници во пренесување на вредностите и моралните норми кај младите”.

Градоначалникот Горан Герасимовски потенцира дека обуките се наменети за директорите на основните и средните училишта, еден стручен соработник од секое училиште, како и избрани наставници кои активно се вклучени во воспитно-образовниот процес.

„Предавачи на обуките се искусните професорки Татјана Стојаноска Иванова, Анета Бараковска, Калина Сотироска Иваноска и Софија Георгиева од Институтот „Европски соѕвездија”, кои ќе пренесат современи методологии и практики за развивање на вредносниот систем и моралните норми кај младите генерации. Како општина, редовно организираме вакви обуки со цел да обезбедиме континуирана поддршка на младите и да го унапредиме воспитно-образовниот процес. Инвестирањето во едукацијата на наставниците и стручните соработници е вложување во иднината на нашите деца. Со вакви активности градиме здрави генерации кои ги почитуваат вистинските вредности,” вели Герасимовски.