25
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски на сите православни верници им го честита големиот христијански празник Прочка.
„Прочка е вистинскиот ден кога треба да си простиме, да се помириме и да ја споделиме љубовта и добрината со другите. Овој голем празник нека биде поттик за сите нас преку разбирање и меѓусебно почитување да изградиме посилни и посреќни заедници. Да простуваме, да живееме во слога и да си помагаме. На сите православни верници во духот на празникот Прочка им посакувам мир, благосостојба и радост со најблиските. Честит празник!”, порачува Герасимовски.