Герасимовски: Започнува реконструкцијата на улиците „Дебарца“, „Црвена Вода“ и „Партизанска“

од Vladimir Zorba
274 прегледи

Во насока на зголемување на безбедноста на пешаците и велосипедистите, вклучително и нормализирање на сообраќајот во Дебар Маало, од понеделник започнува реконструкција на три сервисни улици.

Согласно општинската програма за реконструкција и рехабилитација на улици, денес се вршат подготвителните работи, за веќе од понеделник да започнат градежните зафати на „Дебарца“, „Црвена Вода“ и „Партизанска“.

На улицата „Дебарца“ ќе се реконструира коловозот на површина од 1500 м2 и ќе се постават нови рабници на тротоарите, во должина од 450 метри. Улицата „Црвена Вода“ ќе добие нов коловоз на површина од 650 м2 и нови рабници од двете страни на улицата, во должина од 400 метри, а реконструиран коловоз ќе добие и улицата „Партизанска“, на површина од 1300 м2, со нови рабници од двете страни, во должина од 500 м2.

Слични содржини