175
Група лица утрово организирале герила акција пред домот на премиерот Димитар Ковачевски во скопската населба Тафталиџе.
На автобуска станица во близина на зградата каде што живее Ковачевски, е истакнато платно со неговиот лик, на кој што стојат зборовите „броилото сепак се врти“.
Најверојатно ваквата акција е дело на лица блиски до опозициските партии.