Германците лани замениле 53 милиони марки за евра

од Vladimir Zorba
599 прегледи

Граѓаните на Германија во изминатата година, над 20 години по воведувањето на еврото 1,1,2002 година, заменија околу 53 милиони германски марки за евра.

„Луѓето обично носат банкноти од 100 марки, но и монети од еден фенинг“, изјави претседателот на управниот одбор на германската централна банка, Буркхарт Балц.

Така, минатата година беа разменети околу пет милиони марки помалку од една година пред тоа, во 2023. А 23 години по воведувањето на еврото како платежно средство во Германија, околу 12 милијарди марки, што е еднакво на околу шест милијарди евра, не се вратени.

Германската централна банка претпоставува дека голем дел од банкнотите и монетите од германски марки се наоѓаат во странство, со оглед на фактот дека марката била популарно платежно средство во многу земји, особено во Југоисточна Европа.

Германија, заедно со Австрија, Ирска, Литванија, Латвија и Естонија, спаѓаат во оние земји каде што нема временско ограничување за враќање на банкнотите и монетите од старата валута. Германските марки може да се вратат лично или по пошта во сите 31 филијали на Централната банка на Германија.

Слични содржини