Германците почнаа да тренираат Украинци на Леопард 2

од Radmila Tasevska

Германската армија започна со обука на украински војници на напредни борбени тенкови Леопард 2, кои Киев ги смета за клучни за враќање на териториите окупирани од Русија, јавува денес ДПА.

Обуката главно ќе се одвива на полигонот на германските вооружени сили во Минстер, изјави портпаролот на Министерството за одбрана. Обуката се очекува да трае неколку недели.

Испраќаат 14 Леопард 2, одобрен е извозот на 178 Леопард 1

Германија и вети на Украина 14 тенкови Леопард 2. Украинските војници веќе тренираат во Германија со борбени возила Мардер. На почетокот на февруари, германското Министерство за економија одобри извоз на до 178 борбени тенкови Леопард 1А5 во Украина.

„Колку тенкови „Леопард 1А5“ всушност ќе и бидат испорачани на Украина зависи од потребните работи за одржување“, објавија заеднички минатиот вторник Министерството за економија и Министерството за одбрана.

Германската влада даде одобрение за извоз на обновени тенкови претходната недела, пренесува Индекс.

Слични содржини