Хајдук и Динамо Загреб на крајот од месецо ќе го одиграат дербито од 28. коло на СуперСпорт ХНЛ кое би требало да биде едно од решавачките за титулата.
Како што беше најавено дерби дуелите ќе ги судат странски судии, а за овој меч изборот падна на Германец.
Па така дербито на „Пољуд“ ќе го суди германскиот судија Даниел Зиберт, арбитар од елитната категорија на УЕФА, кој редовно ја дели правдата во Бундеслигата.
Зиберт веќе имаше слично искуство со оглед на тоа што го го судеше дербито во Грција пмеѓу Панатинаикос и ПАОК. За овој дуел тој ќе наплати 6000 евра, а а неговите двајца помошници по 3.000 евра.
Како што е познато за Хајдук игра македонскиот репрезентативец Алексанада Трајковски, додека за Динамо Загреб Стефан Ристовски и Аријен Адеми.