Федералниот суд на Германија одби да го задоволи барањето на ќелав маж, кој инсистирал да добие бесплатна перика.
Тужителот е 76-годишен, од гр. Контвиг. Кога во 80-тите години почнал да оќелавува, тој побарал трошоците за перики да бидат покриени од здравственото осигурување.
Осигурителната компанија трудољубиво плаќала за перикиа за четвртина век.Во 2006 година, сепак, раководството се променило и плаќањето завршило. Незадоволен, нашиот човек поднел тужба.
Судот ја отфрли со аргументот дека ќелавоста не е болест. “Губењето на косата кај мажите на одредена возраст не е болест која доведува до намалена или целосна неработоспособност”, гласи судскиот заклучок.