Германец заврши во притвор во Итстра: Снимал голи деца со мобилен

од Илинка Илиоска
100 прегледи

Полицијата ја заврши кривичната истрага за 50-годишен германски државјанин и утврди сомнение дека сторил кривично дело искористување деца за порнографија, соопшти денеска истарската полиција.

Како што се наведува во соопштението, завчера, околу 12.30 часот, чувар во туристички објект на подрачјето на Истра затекнал германски државјанин како снима голи деца со мобилен телефон и го задржал до доаѓањето на полицијата.

По наредба на надлежен суд, полицијата извршила претрес на мобилниот телефон, во кој бил пронајден материјал со инкриминирачка содржина, а осомничениот вчераутро бил приведен во притворското одделение на ПУ на Истра, заклучува полицијата во соопштението.