Германец со потекло од БиХ е нов известувач на Бундестагот за Западен Балкан

од Nikola Popovski
344 прегледи

Важна улога како известуваќ за Западен Балкан во Бундестагот му припадна на младиот социјалдемократски политичар Адис Ахметовиќ.

Неговиот главен стремеж, како што рече, е да ја искористи својата функција за стабилизирање на регионот.

Ахметовиќ, кој е со потекло од БиХ, ја презеде функцијата известувач во Бундестагот за Западен Балкан од друг социјалдемократски политичар со хрватско потекло, Јосип Јуратовиќ. Од влегувањето на Адис Ахметовиќ во Бундестагот, овие двајца социјалдемократски претставници тесно соработуваат кога станува збор за теми поврзани со Западен Балкан, јавува ДВ.

На почетокот на декември, Ахметовиќ отпатува во Босна и Херцеговина со тогашниот државен комесар за европски прашања во Министерството за надворешни работи, а сега претседател на Комисијата за надворешна политика на Бундестагот и социјалдемократски колега Мишел Рот.

Иако Ахметовиќ рече дека не сака да се фокусира исклучиво на прашањата за надворешната политика поврзани со Западен Балкан и како социјалдемократски политичар сака да внимава на теми како што се еднаков пристап до образование за децата од сите сфери на животот, неговиот пратенички пат надворешнополитичка насока. Земјата на неговите родители одигра важна улога во неговите активности за застапување досега.

„Би сакал да апелирам до Обединетите нации, Европската унија и Германија да направат се што е можно за да се стабилизира Босна и Херцеговина. Ова не го велам затоа што доаѓам од таа земја, но навистина сум загрижен дека проблемите во БиХ би можеле да имаат Домино ефект во целиот регион: ако потоне бродот Босна и Херцеговина, ќе почнат да тонат и други бродови во регионот“, рече Ахметовиќ.

Ахметовиќ, исто така, апелираше до политичарите во регионот да ја сфатат нивната одговорност како демократски избрани сили и да придонесат за конструктивни решенија.

Во изјавата по прогласувањето за комесар за Западен Балкан, Ахметовиќ потврди во која насока ќе оди неговиот ангажман.

„Во иднина, за мирот во Европа ќе се одлучува не само на руско-украинската граница, туку во голема мера и на Западен Балкан, особено во БиХ. Затоа активно ќе работам на стабилноста и мирот во регионот“, рече тој.

Како известувач за Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија), Ахметовиќ ќе подготви консултации и мерки, ќе предложи заклучоци до Социјалдемократскиот клуб на пратеници во Комисијата за надворешна политика и ќе биде одговорен за известување до парламент во врска со ситуацијата и состојбата на Западен Балкан.

Слични содржини