Германија на студентите им дава 200 евра за греење

од Stefanija Kuzmanovska
197 прегледи

Германската влада денеска донесе одлука да исплати 200 евра еднократна помош за да ги ублажи последиците од поскапувањето на енергенсите на студентите.

Околу 3,4 милиони студенти во Германија би требало да имаат корист од оваа мерка, која е дел од пакетот помош за германските граѓани, кој треба да ги ублажи финансиските последици од поскапувањето на енергенсите, особено гасот.

Студентите можат да поднесат барање за плаќање на посебна веб-страница, а условот е на први декември годинава да се запишани на некој од факултетите во Германија и да имаат регулиран престој во оваа земја.

Покрај овие 200 евра, веќе се планирани и 575 евра помош за зголемените трошоци за парно за студентите со послаба финансиска состојба кои се во државната програма за кредитирање на студии.

Слични содржини