Германија од први јануари го презема раководството над главна единица на НАТО

од Stefanija Kuzmanovska
206 прегледи

Од први јануари Германија ќе го преземе раководството на Здружената оперативна група на НАТО со многу висока одговорност и ќе стави неколку илјади војници на готовност, подготвени да бидат распоредени каде што е потребно за само неколку дена, се наведува на веб-страницата на Северноатлантската алијанса.

На веб-страницата на НАТО се додава дека Здружената оперативна група на НАТО е создадена во 2014 година за да биде јадрото на зајакнатите сили за одговор на НАТО, како што се наведува, „по нелегалната руска анексија на Крим и кризата на Блискиот Исток“.

Германија го презема раководството на Здружената оперативна група на НАТО од Франција, која ја предводеше оваа НАТО група во 2022 година.

Слични содржини