Германија: 91-годишна жена се обидела да се приклучи на автопат со велосипед

од Vladimir Zorba
241 прегледи

Во саботата во попладневните часови, 91-годишна жена се обидела со велосипед да се вклучи во сообраќајот на автопатот во Баварија, кај Ерхајм, но пред да го стори тоа, била запрена од жена-возач.

Со тоа жената најверојатно и го спасила животот на 91-годишната.

„Полицијата во саботата попладне ја однела старицата кај нејзиното семејство“, соопштија од полицијата, а пренесуваат германските медиуми.

Во соопштението тие навеле дека 91-годишната жена боледува од деменција.

Не појаснија како точно старицата била спречена да влезе во сообраќај на автопатот.

Слични содржини