Германија апелира Израел „поефикасно да ги заштити“ цивилите во Рафа

од Radmila Tasevska
174 прегледи

Портпаролот на германското Министерство за надворешни работи, Кристијан Вагнер изјави дека постои голема загриженост за ситуацијата во Рафа и го повика Израел „поефективно да ги заштити“ цивилите во градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа.

Тој додаде дека Израел требало да покаже каде и како овие луѓе ќе бидат заштитени пред големиот напад врз Хамас во Рафа.

Вагнер посочи и дека шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок на 14 февруари ќе отпатува во дводневна посета на Израел.

Претходно, Палестинската новинска агенција ВАФА објави дека повеќе од 100 луѓе загинале, а стотици се повредени во израелските напади врз градот.

Слични содржини