141
Германија ќе дозволи вакцината против Ковид-19, АстраЗенека да се дава на лица од сите возрасти, изјави денеска германскиот министер за здравство Јенс Шпан.
Со ова се поништи претходната одлука со која се дозволуваше само вакцинација со „АстраЗенека“ на лица над 60 години.
Институтот „Пол Ерлих“ по вакцинирањето забележа 31 случај на ретка тромбоза, а девет лица починаа. Во исто време, кај 19 лица е забележан недостаток на тромбоцити, што може да влијае на тромбоза.
Низ цела Европа, пријавени се 59 случаи на синовијална тромбоза, за кои постои сомневање дека се меѓу несаканите ефекти на вакцината. Европската агенција за лекови (ЕМА) неодамна објави дека верува дека придобивките од вакцината се многу поголеми од можните ризици.