Германија да не се грижи – сам ќе си воведам санкции, порача Додик

од Nikola Popovski

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик напиша дека Германија нема да воведува санкции против него, бидејќи тој самиот ќе си ги воведе.

„За да не бидат загрижени, од денеска си воведувам санкции. Ниту имам имот во Германија, ниту планирам да одам таму“, напиша Додик на Твитер.

Тој оцени дека Германија нема да ја промени реалноста со својата политика на заплашување, а тоа, како што рече, е дека Босна и Херцеговина е пропадната земја.

Германската министерка за Европа и клима, Ана Лурман, денеска во Сараево изјави дека Германија лобира во Европската унија за санкции против српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик и Република Српска, обвинувајќи го Додик дека води сецесионистичка политика.

Слични содржини