Германија: Финска и Шведска добиваат поддршка за членство во НАТО

од Stefanija Kuzmanovska
205 прегледи

Германската влада денеска даде зелено светло во врска со барањето на Финска и Шведска за приклучување кон НАТО пактот, изјави денеска министерот за правда на таа земја Марко Бушман.

„Ние сме посветени на брзиот процес на пристапување“, рече Бушман, цитиран од „Ројтерс“.

Покрај Германија, поддршка за влез на двете нордиски земји во НАТО пружија и Италија и Холандија.