Германија има дури 13.000 километри автопати и речиси секој дел е покриен со сообраќајни камери. Сега во некои делови од оваа земја камерите се исклучени.
По тој повод, претставникот за јавноста на „Autobah“ се огласи:
„Поради моменталниот развој на безбедносната политика во Европа, сообраќајните камери на нашите автопати во моментов не се достапни. Се извинуваме за тоа и се надеваме дека наскоро ќе ја понудиме услугата повторно“, се вели во соопштението.
Иако Германците не наведуваат конкретна причина, јасно е дека сакаат на Русите да им ги ограничат информациите за движењето на воената помош за Украина и групирањето војници кон источните земји на НАТО, пишуваат германските медиуми.
Да потсетиме, неодамна во Германија имаше дискусија за тоа како тие можат да станат независни од руската нафта, па некои здруженија предложија радикални мерки за намалување на потрошувачката на гориво.