Германија ги легализира тестовите на беспилотни летови

од Vladimir Zorba
81 прегледи

Веќе не е потребно германските автомобилски производители да ги носат експерименталните автономни автомобили дури во Калифорнија, за да ги тестираат. Германија ги овозможи обидите да се одржуваат и на нејзината територија, додека компаниите да следат одреден збир на услови, соопшти “Енгаџет”. Можеби најважниот услов е дека возачите на возилото ќе треба да се зад воланот цело време. Тие можат да го отстапуваат погледот од патот, за да погледнуваат во телефон или да сурфаат накратко на интернет, но и покрај тоа тие треба да се во целосна подготвеност во случај да вештачката интелигенција во МВ-то процени дека има потреба од нивната помош.

Покрај тоа, беспилотните возила ќе бидат обврзани да се опремени со црна кутија која може да го снима патувањето, без разлика дали колата е управувана од човек или од вештачка интелигенција. Податоците од црната кутија ќе обезбедат точни информации, која ќе помагаат за утврдување на вината во случај на инцидент – ако се покаже дека човекот е одговорен, тогаш владата ќе го смета за директно одговорен. Ако пак се покаже дека инцидентот е предизвикан од самиот автомобил, тогаш вината ќе биде на товар на производителот.

Новиот закон во Германија ги олеснува значително напорите на локалните автопроизводители да ги тестираат новите технологии. Сепак во моментот “Фолксваген”, “Мерседес-Бенц” и BMW не се очекува да ги запрат тестовите во Калифорнија. Особено со оглед на фактот дека градот е на пат да го овозможи движењето на роботски автомобили на патиштата до крајот на годината.