Германија го повика Азербејџан да им дозволи на набљудувачите да влезат во Нагорно Карабах

од Nikola Popovski
184 прегледи

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска апелираше до Азербејџан да им дозволи на меѓународните набљудувачи да влезат во Нагорно Карабах, регион кој е напуштен од десетици илјади бегалци кои пристигнуваат во Ерменија.

„Одобрувањето на меѓународните набљудувачи би било знак на уверување дека Азербејџан е сериозен во својата посветеност на безбедноста и благосостојбата на народот на Нагорно Карабах“, рече шефицата на германската дипломатија, пренесува Франс прес.

Стотици возила вчера се движеа од Нагорно Карабах кон Ерменија по блиц-офанзивата на ерменската армија во таа сепаратистичка енклава, претежно населена со Ерменци.

Азербејџанската армија ги поради рменските сили во еднодневна офанзива минатата недела, принудувајќи ги сепаратистичките власти да го положат оружјето и да започнат разговори за „реинтеграција“ на Нагорно-Карабах во Азербејџан по три децении сепаратистичка политика.

Иако Азербејџан вети дека ќе ги почитува правата на етничките Ерменци во регионот и ќе го обнови снабдувањето со Нагорно-Карабах по 10-месечната блокада, многу жители се преселуваат во Ерменија, поради страв од одмазда.

Слични содржини