Германската федерална и покраинските влади се согласија да го продолжат „локдаунот“ до 18 април и ги повикаа граѓаните да останат дома пет дена за време на велигденските празници за да го скршат третиот бран на пандемијата на коронавирус, рече канцеларката Ангела Меркел.
Во преговорите што траеја доцна во ноќта, канцеларката ги охрабри лидерите на 16 германски држави да заземат поостар став во борбата против пандемијата.
„Германија е во многу сериозна ситуација поради ширењето на варијантите на вирусот и има сè поголем број на инфекции“, рече Меркел на прес-конференција, додавајќи дека Германија е ви борба со времето со цел да го вакцинира своето население.
Германија започна да ги ублажува ограничувањата на почетокот на март, но ширењето на повеќе заразните варијанти на вирусот предизвика загриженост за преоптовареност во болниците.