Германија го суспендираше разгледувањето на барањата за азил на сириските граѓани

од Vladimir Zorba
55 прегледи

Германското Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека го суспендира разгледувањето на барањата за азил од сириските граѓани, по падот на сирискиот претседател Башар ал Асад.

Портпаролот на германското МВР за „Шпигел“ изјави дека моменталната ситуација во Сирија е „збунувачка“ и дека е премногу тешко да се предвиди што ќе се случи на политичко поле, поради што Берлин сега не може да дава сериозни проценки.

Милитантната алијанса Хајат Тахрир ал-Шам, поранешен член на терористичката организација Ал Каеда, брзо зазеде неколку клучни сириски градови, вклучувајќи го и главниот град Дамаск, по што Асад и неговото семејство се засолниле во Москва.

Слични содржини