Германија го забрани муслиманското здружение „Интерактив“ и ќе го конфискува неговиот имот, додека претреси се вршат и во две други исламски здруженија, објави денес Министерството за внатрешни работи.
Седум згради беа претресени во Хамбург од раните утрински часови, додека 12 згради поврзани со здруженијата Генерација Ислам и Реалност Ислам беа претресени во Берлин и покраината Хесен, како дел од прелиминарните истраги, објави Ројтерс.
„Ќе одговориме со полна сила на законот на секој што агресивно повикува на калифат на нашите улици, поттикнува омраза кон државата Израел и Евреите на неподнослив начин и ги презира правата на жените и малцинствата“, изјави министерот за внатрешни работи Александар Добринт.