20
Поранешен вработен во хотелот Seeklause на германскиот остров Узедом запалил четири автомобили и оштетил 17 други возила пред тој објект, објави денеска Билд.
Според информациите, 29-годишникот, откако бил отпуштен од хотелот, барал последната плата да му биде исплатена во готово бидејќи нема жиро сметка и им се заканувал на вработените.
Штетата била проценета на 120.000 евра, а полицијата го уапсила насилникот на блиската железничка станица.