Германија и Полска ќе бараат решенија за побрзо проширување на ЕУ кон Западен Балкан

од Nikola Popovski
251 прегледи

Германската канцеларка Ангела Меркел и полскиот премиер Матеуш Моравjецки денеска во Варшава се согласија дека двете влади ќе се обидат да предложат разни нови решенија за тоа како да се отстрани уморот од проширувањето и сомневањето во стратешката неопходност од проширувањето на Европската унија кон Западен Балкан.

-Разговаравме за тоа како да се заврши проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан. Треба да се обидеме да предложиме различни решенија што би можеле да ги претворат сомнежите во некои членки, како Холандија или Франција. За нас е важно Западен Балкан да биде дел од Европа, кажал полскиот премиер во Варшава на заедничката прес-конференција со германската канцеларка.

Тој предупреди за важноста на тоа проширување кон Западен Балкан во светлината на новите миграциски бранови по повлекувањето на НАТО од Авганистан и драматичното влошување на ситуацијата не само на јужната миграциска рута, туку и на границите на балтичките земји и Полска со Белорусија.

-Гледаме хибридни напади на источната граница на ЕУ, притисок, кој се однесува на Литванија и Полска. Мораме да обезбедиме хуманитарна помош, но и ние треба да ја браниме таа граница, како што тоа го направивме во Грција, рече Ангела Меркел.

Германската канцеларка рече дека бегалците со недели останале заробени меѓу граничните кордони на Белорусија и Полска на територијата на Белорусија и дека земјата треба да им помогне.

-Постои можност меѓународните организации како Црвениот крст да помогнат. Ова е апел до Белорусија да им помогне на овие луѓе. Неприфатливо е ваквите хибридни напади да се вршат преку овие луѓе, додава Меркел.

-И реков на канцеларката што се случува на нашата полско-белоруска граница. Имаме целосна поддршка од Европската комисија, како и германската влада, да ја брани Европа од илегална миграција и движења што не зависат од нас, информира Моравјецки.

Слични содржини