Германија има најстаро работоспособно население во Европската Унија

Главните причини што се наведуваат се демографското стареење на населението во Германија, но и фактот дека граѓаните во просек се пензионираат подоцна отколку порано.

од Vladimir Zorba
10 прегледи Фото: ChatGPT

Германија има најстаро работоспособно население во Европската Унија, со речиси еден од четири вработени над 55 години, според податоците објавени денес од Федералниот завод за статистика (Дестатис).

Според извештајот, во 2024 година, Германија имала околу 40,9 милиони вработени на возраст меѓу 15 и 64 години, од кои 9,8 милиони биле на возраст меѓу 55 и 64 години, што одговара на удел од 24 проценти.

Главните причини што се наведуваат се демографското стареење на населението во Германија, но и фактот дека граѓаните во просек се пензионираат подоцна отколку порано.