Германија има нов голем проблем: Сега има премногу станици за полнење на електрични автомобили!?

од Vladimir Zorba
42 прегледи

Еден од најголемите проблеми со електромобилноста е недостатокот на станици за полнење. Ова е поврзано со нервозата кај сопствениците и возачите на електрични автомобили. Ќе можам ли да го наполнам возилото на следната бензинска пумпа, што ако е гужва и има уште две возила што чекаат во ред, ќе стигнам ли до следната бензинска пумпа… Но, дали е навистина така?

На најважниот европски пазар, Германија, се чини дека расте нов вид грижа. Имено, високите инвестиции во погони за полнење тешко дека ќе се исплатат на краток рок. Бројот на нови регистрации на електрични автомобили во ЕУ се зголеми за речиси една четвртина, на околу 413.000 возила во првиот квартал од 2025 година, во споредба со истиот период минатата година. Сепак, според Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA), оваа бројка е пониска од очекуваната. Една од причините за послабиот раст на продажбата беше наведена како недоволниот број полначи. Но, дали е тоа навистина така?

Бројот на јавни станици за полнење во Германија се зголеми за околу една петтина на 161.686 во споредба со претходната година. Ова вклучува 36.278 брзи полначи, чиј број се зголеми за 39 проценти за една година. Сега, германскиот индустриски портал Automobilwoche известува дека илјадници станици за полнење во оваа земја се во голема мера неискористени. Тоа е, тие се празни… Поради ова, многу компании што инсталираат полначи планираат да го забават процесот и да ги намалат инвестициите.

Слични содржини