Студијата на Институтот за истражување на јавното мислење Аленсбах (IfD) спроведена за Германското здружение на автомобилската индустрија (VDA), репрезентативно истражување на германската популација на возраст од 16 и повеќе години покажува дека подготвеноста за купување електричен автомобил е зголемена. Сепак, уделот на испитаниците кои имаат намера да купат нов електричен автомобил во наредните години е релативно низок и изнесува 16 проценти.
Какао пренесува „HAK“, истражувањето покажува и дека 31 отсто имаат намера да купат бензинец. Субвенциите се клучни за Германците кога купуваат електрични автомобили. Без тоа, електричните автомобили се очигледно прескапи за нив.
На почетокот на годината, пак, значително беа намалени субвенциите за електрични возила, а за следната година се планира дополнително намалување, а на среден рок и нивно целосно укинување.
Ова се главните причини за купување електричен автомобил…
* Субвенции-53 проценти
* Поевтини даноци и осигурување – 46 отсто
* Електричниот автомобил е потивок – 39 проценти
* Високи цени на бензините – 37 отсто
* Раст на бројот на полначи – 35 проценти
* Заштита на климата-34 проценти
* Зголемен е бројот на електрични возила на патиштата – 34 отсто
* Електричен автомобил ми ги задоволува дневните потреби – 28 проценти
* Електричните автомобили се иднината – 27 проценти
* Пониски трошоци за услуги – 19 проценти
* Полнење дома – 18 проценти
* Забрзување на електрични возила-10 проценти
* Тоа одговара на мојот стил на возење – 10 проценти
* Електричен автомобил ми одговара – 8 проценти