Германија ја легализираше рекреативната употреба на канабисот

од Stefanija Kuzmanovska
180 прегледи

Германскиот парламент денеска го усвои законот со кој се дозволува рекреативна употреба на канабисот.

Според новиот закон, на лицата постари од 18 години ќе им биде дозволено да поседуваат значителни количества канабис, а пушењето канабис на многу јавни места ќе стане легално од први април, јави Би-Би-Си.

На јавни места ќе биде дозволено поседување до 25 грама, а во приватни домови до 50 грама.

Консумирањето канабис во близина на училишта и спортски терени ќе биде забрането, додека купувањето канабис ќе продолжи да биде строго регулирано.

Слични содржини