Германскиот министер за здравство Јенс Шпан изврши дополнителен притисок врз Агенцијата за регулирање на медицината на ЕУ (ЕМА) да издаде дозвола за употреба на вакцина против Ковид-19 на „Фајзер“ и „Бајонтек“ пред Божиќ.
– Нашата цел е да ја одобриме примената на вакцината пред Божиќ, за да можеме да започнеме вакцинација оваа година – истакна Шпан, пренесе АП.
Притисокот што го изврши германскиот министер за здравство врз ЕМА се однесува на вакцината изработена од германската фармацевтска компанија „Бајонтек“ во соработка со американската „Фајзер“, што веќе се дава на граѓани во Велика Британија, Канада и САД.
ЕМА објави состанок на 29 декември во врска со вакцината, а првиот човек на таа агенција, Емер Кук, рече дека неговиот тим работи „нон-стоп“.
Проблемот може да биде и тоа што ЕУ има намера да започне вакцинирање во исто време во сите 27 земји-членки, а Германија, според сите проценки, е пред другите и веќе е подготвена да започне масовна вакцинација на своето население.
Министерот Шпан исто така изјави дека Германија е подготвена да вакцинира помеѓу 3 и 4 милиони Германци со вакцината „Бајонтек“ и „Фајзер“ во јануари, уште 11 милиони во текот на првиот квартал од следната година и дури 60 проценти од германските граѓани до крајот на летото 2021 година.
Во последните 24 часа, откриени се нови 14.432 нови случаи на Ковид-19 во Германија и се регистрирани нови 500 смртни случаи, вкупно 22,6700 од почетокот на пандемијата.