Германија ја зајакнува својата војска како никогаш досега по Студената војна: „Дали мислите дека може да му се верува на Путин?“

од Nikola Popovski
543 прегледи

Додека администрацијата на Доналд Трамп продолжува да го следи договорот за ставање крај на војната во Украина, што може да биде поповолно за Москва отколку за Киев, Европејците се фокусираат на сопствената воена моќ за прв пат по децении.

Никаде оваа промена не е толку изразена како во Германија. Нивните вооружени сили, познати како Бундесвер, беа жртва на долгогодишно недоволно инвестирање, но тоа ќе се промени.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц одлучи дека сега е време Германија да инвестира во својата војска, на нивоа невидени уште од Студената војна.

Германија штотуку усвои голема реформа на својот уставен долг, отклучувајќи финансирање од милијарди евра. Еден модел споделен со „CNN“ сугерираше дека во период од 10 години, со германска потрошувачка на 3,5 отсто од БДП, таа може да изнесува 600 милијарди евра (652 милијарди долари).

„Дали мислите дека можете да му верувате на Путин?“, прашал германскиот генерал Ралф Хамерштајн.

Тоа е само реторичко прашање на кое поголемиот дел од Европа би го дал истиот одговор – не.

Новинарите на Си-Ен-Ен го поминале денот со членовите на Бундесверот на непозната локација во централна Германија додека пет сојузници на НАТО учествувале во вежби за обука. Симулацијата била напад на „странски противник“ врз друга членка на алијансата.

Говорејќи во импровизираниот штаб за симулација, Хамерштајн изјавил за Си-Ен-Ен: „Германија е способна нација во Европа и мора да биде партнер за другите нации. Ние сме одговорен партнер во Европа и голема нација. Мора да се засилиме и ќе го направиме тоа“.

Целосната инвазија на Украина во февруари 2022 година беше сеизмички момент за континентот. Војната се врати и детантот што постоеше по падот на Железната завеса заврши. Во Берлин започна период познат на германски како „Zeitenwende“ – или пресвртница. Всушност, тоа беше почеток на напор уште еднаш да се зголемат воените трошоци.

Слични содржини