Германија ја заврши евакуацијата од Авганистан

од Nikola Popovski
254 прегледи

Германија ја заврши операцијата за евакуација од Авганистан, објави министерката за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер.

Крамп-Каренбауер рекла дека последниот авион со германски војници пристигнал вечерва во Узбекистан, пренесува Асошиејтед прес.

Таа информирала дека качувањето на последните германски летови е завршено за време на денешните бомбашки напади пред аеродромот во Кабул и дека е извршено „итно полетување“.

Германија евакуираше 5.347 луѓе од Авганистан од 45 земји, вклучувајќи повеќе од 4.000 Авганистанци, рече Крамп-Каренбауер.

Неколку европски земји веќе го направија тоа, додека некои продолжуваат да ги евакуираат луѓето, за што крајниот рок е 31 август, до кога американските војници, кои го обезбедуваат аеродромот, мора да се повлечат од Авганистан.

Крамп-Каренбауер рече дека денешниот напад јасно покажа дека продолжувањето на операцијата за евакуација од Кабул не е можно.

Светските медиуми пренесуваат многу различни податоци за бројот на загинати и ранети во нападот на двајца бомбаши -самоубијци и вооружени мажи во близина на аеродромот во Кабул. Тие се движат од 13 до 60 загинати и од 15 до 120 ранети.

Слични содржини