До крајот на годината Германија ќе донира околу 30 милиони дози вакцини за коронавирус на механизмот Ковакс, изјави синоќа германската канцеларка Ангела Меркел.
Механизмот Ковакс е воспоставен од Светската здравствена организација за да осигури дека вакцините се дистрибуираат подеднакво во светот, особено до сиромашните земји.
„Германската страна е подготвена да донира 30 милиони дози вакцини на најсиромашните и земјите во развој до крајот на годината. Под услов, секако, да пристигнат вакцините што ги нарачавме “, рече Меркел на прес-конференција на Самитот за здравје на групата 20 најиндустријализирани земји во светот и земјите во развој, што се одржува во Рим.
Германската канцеларка рече дека досега 125 земји примиле 70 милиони дози вакцини.
Францускиот претседател Емануел Макрон претходно вчера на истиот собир изјави дека Франција ќе донира околу 30 милиони дози вакцини за коронавирус од различни производители до крајот на годината.
Одговорниот за механизмот Ковакс објави дека до крајот на мај ќе недостасуваат околу 140 милиони дози вакцини, а уште 50 милиони дози во јуни, во споредба со количините што првично беа планирани да вакцинација на 20% од населението во сиромашните земји.