Германија планира да направи доволно вакцини против Ковид-19 за да може вакцинирањето на деца на возраст меѓу 12 и 16 години да започне на 7 јуни, изјави вчера канцеларката Ангела Меркел.
„На секој граѓанин ќе му биде понудена вакцинација до крајот на летото. Тоа ги вклучува и оние кои сега ќе бидат вклучени во вакцинацијата, а тоа се децата на возраст од 12 до 16 години“, додала Меркел.
Според неа, децата и адолесцентите можат да аплицираат за вакцинација кога вакцинирањето на приоритетните групи ќе заврши на 7 јуни.
Таа исто така предупредила дека родителите не треба да чувствуваат притисок да ги вакцинираат своите деца.
„Важната порака до сите родители е – училиштето не зависи од прашањето за вакцинација. Нема индиректна принуда за родителите. Вакцинацијата не е задолжителна“, објаснила Меркел.
Според официјалните податоци, во Германија има околу 4,1 милиони деца на возраст над 12 години.
Барем првата доза на вакцината ја примиле повеќе од 40 проценти од 83 милиони жители.