Германија ќе имунизира 20 проценти од својата популација против новиот коронавирус до почетокот на мај, рече во понеделникот министерот за здравство Јенс Шпан.
Германија бележи зголемување на бројот на заразени затоа што заостанува зад Велика Британија, Израел и САД во брзината на вакцинирање, пренесе Ројтерс.
Говорејќи во центарот за вакцинација во Берлин, Шпан рече дека на Германија и требаат три месеци да достигне 10 проценти од вакцинираната популација.
„Следните 10 проценти од населението ќе се вакцинираат следниот месец“, рече тој.