Германија ќе ја поддржи Франција за време на претседавањето со ЕУ

од Vladimir Zorba
178 прегледи

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок изјави дека нејзината земја ќе ја поддржи Франција, која од утре ќе го преземе шестмесечното претседавање со Советот на Европската унија (ЕУ).

„Нашите француски пријатели можат да сметаат на нашата поддршка од првиот до последниот ден од нивното претседавање со ЕУ, а поддршката се однесува на одржливо економско закрепнување, борба против климатските промени, дигитализација и посуверена Европа во светот“, рече германскиот министер за АФП.

Франција утре од Словенија ќе го преземе шестмесечното претседавање со Советот на ЕУ.

Аналена Бербок рече дека француското претседателство со ЕУ претставува „важна можност за заедничко зајакнување на Европа“.

„Германија и Франција, како најблиски пријатели во срцето на Европа, имаат посебна одговорност за обединета ЕУ, способна да дејствува и ориентирана кон иднината“, рече таа.

Француското претседателство со Советот на ЕУ се совпаѓа со германското претседателство со Групата седум индустриски најразвиени земји, кое исто така почнува утре.