ГЕРМАНИЈА: Колку луѓе во моментов се без работа?

од Vladimir Zorba
10 прегледи

Бројот на невработени во Германија е намален во ноември во споредба со претходниот месец за 17.000, на 2,774 милиони, објави во петокот државната агенција за труд, пренесе ДПА.

Истовремено, стапката на невработеност падна за 0,1 процентен поен, на 5,9 отсто.

„Економската слабост врши притисок врз пазарот на трудот“, рече претседателката на Агенцијата, Андреа Налес.

Во меѓувреме, побарувачката за работна сила повторно ослабна.

Агенциите за вработување забележаа 668.000 отворени работни места во ноември, 65.000 помалку отколку во ноември 2023 година.

Слични содржини