Германија му понуди помош на Израел

од Nikola Popovski
169 прегледи

Германските власти објавија дека му понудиле на Израел воена и техничка помош во екот на актуелниот палестинско-израелски конфликт, пренесува „Avaz“.

-Од викендов разменувам пораки со мојот пријател и колега Јоав Галант. Во име на германската влада му понудив поддршка, како и на военото аташе на израелската амбасада во Берлин. Досега и двајцата велеа дека не им треба никаква воена или техничка поддршка, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус во својот говор во Бундестагот.

Писториус додал дека Германија дава и политичка поддршка и понудила хуманитарна помош, но дека Израел сè уште конкретно не ја побарал.

На прашањето дали меѓу затворениците во рацете на Хамас има германски државјани и дали Берлин презел некакви чекори, Писториус рекол дека нема да коментира.

Слични содржини