На апликацијата „Телеграм“ во Германија и се заканува казна до 55 милиони евра поради недостаток на лице за контакт за комуникација со државните служби и недоволни мерки за борба против содржина што го крши законот, пишува „Шпигел“.
Според написот, германското Министерство за правда бара „Телеграм“ „да го почитува законот“ и „платформата да им биде достапна на властите, веднаш да ја избрише проблематичната содржина и активно да ги предава податоците на корисниците на истражителите“.
Федералната администрација за правда, која е дел од германското Министерство за правда, исто така покрена две судски постапки во врска со изрекување на парична казна за „Телеграм“, бидејќи компанијата не назначила лице за контакт за да комуницира со властите и не предлага предвидена со закон постапка за поднесување жалби за спорна содржина во Германија.
Казната може да изнесува 55 милиони евра, пишува „Шпигел“.
Во 2020 година, „Телеграм“ беше осмата најсимнувана апликација во светот.