Германија нарача 40.000 дози од вакцината од баварската фармацевтска компанија „Nordic Bavа“ за да биде подготвена да ги имунизира инфицираните од мајмунски сипаници доколку епидемијата стане сериозна, иако во моментов се преземаат други мерки на претпазливост, изјави германскиот министер за здравство, Карл Лојтербах.
Лејтербах посочи дека мерките како изолација во траење од 21 ден се препорачуваат за заразените и дека засега треба да бидат доволни за да се спречи ширењето на болеста.
– Доколку болеста дополнително се прошири, сакаме да бидеме подготвени за евентуални вакцини кои се уште не се препорачани, но би можеле да станат неопходни, нагласил Лејтербах.
Според него, епидемијата на мајмунски сипаници може да се сузбие и ништо не укажува на почеток на нова пандемија. Тој верува дека раната интервенција може да го спречи патогенот да навлезе подлабоко во заедниците.
Претставник на Институтот за заразни болести „Роберт Кох“, Лотар Вилер изјави дека досега се регистрирани пет случаи на мајмуни сипаници.
Светската здравствена организација (СЗО) вчера објави слични упатства, наведувајќи дека не е потребна масовна вакцинација за епидемијата бидејќи мерките, како што е хигиената, може да помогнат во контролата на ширењето на болеста.