Германската државна банка за развој (KfW) планира да инвестира 10,8 милијарди евра за субвенционирање на поволни станови, кои инаку се повеќе и недостасуваат во земјата.
„Изградбата на одржливи и достапни станови е меѓу приоритетите“, рече директорот на KfW, Стефан Винтелс.
Предвидени се субвенции за изградба и продажба на станови на лица со ниски приходи кои не се корисници на социјална помош. Винтелс изјави дека за оваа година ќе има една милијарда евра, а исто толку во 2025 година.
Минатата година, по исклучителната 2022 година, KfW инвестираше значително помалку пари во развојни проекти – 111,3 милијарди, во споредба со 166,9 во годината обележана со енергетската криза и одлуката на државата да инвестира во енергетска безбедност и диверзификација на изворите.
Сојузната влада поседува 80 отсто од капиталот на KfW, а преостанатата петтина ја држат провинциите. Банката традиционално одобрува поволни стимулативни кредити на мали и средни претпријатија, компании за изградба на станови и студенти.
Дополнително, издава извозни гаранции и финансира развој на проекти, а преку филијалата KfW Capital и стартапи, пишува ДПА.