258
Германија ќе ја поддржи Украина со уште еден пакет воена помош вреден 1,3 милијарди евра, кој ќе вклучува четири дополнителни системи за воздушна одбрана IRIS-T, изјави денеска во Киев германскиот министер за одбрана Борис Писториус.
„Пакетот за поддршка ќе вклучува и 20.000 артилериски гранати од 155 милиметри, како и противтенковски мини“, рече Писториус на средбата со неговиот украински колега Рустем Умеров, пренесе Ројтерс.
Досега Берлин се обврза да испорача осум системи IRIS-T во Киев, од кои три се веќе испорачани.