Германија не ја открила мутацијата на вирусот од Велика Британија

од Vladimir Zorba
149 прегледи

Германија не го откри новиот вид на коронавирус, кој е идентификуван во Велика Британија, изјави денеска министерот за здравство Јенс Спан.

„Таа (мутацијата) сè уште не е идентификувана во Германија“, рече Шпан и додаде дека сите летови од Велика Британија ќе бидат прекинати од полноќ, пренесува Ројтерс.

„Но, се разбира, ние многу сериозно ги сфаќаме извештаите од Велика Британија“, додаде министерот.