Германија: Не објавуваме се за оружјето што го испраќаме во Украина

од Vladimir Zorba
231 прегледи

Берлин одлучи да не објавува се за оружјето што го испраќа за поддршка на Украина, изјави денеска во Рига германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.

Во изјава за печатот, Бербок рече дека Германија ќе продолжи да му помага на Киев со цел да има понапредни вооружени системи и обучени војници.

Таа потсети дека Германија испорачала противтенковски ракети и друго оружје, но не откри детали за тоа.