Германија не планира да ѝ достави дел од своите системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ на Украина, бидејќи во моментов нема доволно во составот на својата армија, појасни денеска германскиот министер за одбрана, Борис Писториус.
Тој рече дека Германија веќе испорачала три системи „Патриот“ на Украина.
„Во Германија сега имаме само 6 функционирачки системи. Останатите 2се наменети за Полска, а барем еден од нив не е секогаш достапен поради одржување или обука“, објасни Писториус.
Писториус исто така потврди дека Германија нема да ги испорача своите ракети со долг дострел „Таурус“ на Украина.