ГЕРМАНИЈА: Нудистите добиваат своја плажа, на облечените луѓе нема да им биде дозволено да пливаат или да изнајмуваат лежалки

од Vladimir Zorba
17 прегледи

Германија има богата историја и толеранција кон нудизмот. Меѓутоа, во последните години зачестија конфликтите и инцидентите, па градските власти во Росток строго ги поделија плажите на „голи“ и „со текстил“, пренесува германската агенција dpa.

Затоа нудистите ќе можат мирно да се сончаат и да пливаат на делови од плажите Варнемунде и Маркграфенхајде.

„На нудистичките плажи ќе бидат дозволени само нудисти. На облечените луѓе нема да им биде дозволено да пливаат или да изнајмуваат лежалки“, соопшти градската управа.

Промената на уредбата што ја усвоија советниците, исто така, вклучува можност да бидат исфрлени од плажа во случај на конфликт.

Причината за промената на регулативата се поплаките од нудисти дека често се мета на малтретирање и набљудување од луѓе кои влегуваат во нив облечени. Имало и несакано снимање и фотографирање.

Претходните правила им дозволуваа на нудистите да престојуваат само на одредени делови од градските плажи, покрај оние во облека.

Од друга страна, во интерес на еднаквоста, градските власти одредиле делови од плажата на кои ќе смеат да престојуваат само облечени луѓе. Покрај тоа, употребата на дронови е ограничена.

Слични содржини