Германија обезбеди пари за климатскиот план

од Vladimir Zorba
12 прегледи

Германија обезбеди милијарди евра за повеќегодишната владина програма Заштита на природната клима, изјави министерката за екологија, Штефи Лемпке. Според неа, Владата има повеќе од 3,5 милијарди евра за програмата до 2028 година.

„Акциската програма на тој начин останува најголемиот поттик за заштита на природата и климата досега во Германија. Во контекст на климатската криза мораме да ја заштитиме природата за таа да не заштити“, рече Лемке, јави ДПА.

Зачуваните шуми и пасишта, здрава почва, чисти мориња и водни тела и природни зелени површини во градовите и руралните области го апсорбираат јаглерод диоксидот од атмосферата и го складираат на долг рок.

Дополнително, тие ги амортизираат последиците од климатските промени, на пример со задржување на водата во природата и ладење на животната средина на топло време“, посочи министерот.

Парите за усвоениот акциски план доаѓаат од вонбуџетскиот Фонд за климатска трансформација (КТФ).

Од тој посебен фонд Владата финансира проекти кои придонесуваат за сузбивање на глобалното затоплување и последните промени, но и други проекти, како субвенција за изградба на фабрика за чипови.

Следната година се планира КТФ да потроши околу 34,5 милијарди евра, значително помалку отколку во 2024 година. Причината сепак е префрлањето на стимулации за развој на обновливи извори на енергија во буџетот.

Слични содржини